Одбележана 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Делегација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, составена од ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров учествуваше во одбележувањето на 117-годишнината од загинувањето на симболот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Тие, заедно со делегации од локалната самоуправа, институциите кои го носат името на великанот Делчев, како и од политичките субјекти, положија цвеќе пред релјефот на Гоце Делчев, кој се наоѓа на објектот на Ректоратот на УГД. Во истиот објект, Гоце Делчев учителствувал во времето кога престојувал во Штип, а во објектот УГД има Спомен-соба во која се поместени документи, фотографии, училишни клупи, оружје, кои сведочат за делото на големиот револуционер. Универзитетот од своето основање со гордост го носи името „Гоце Делчев“.

Одбележувањето на 117 години од смртта на Гоце Делчев годинава помина во специфични услови, со држење на дистанца меѓу присутните и користење на заштитни маски, поради актуелната пандемија на Ковид 19.

Последен пат изменето на Понеделник, 04 Мај 2020 12:57
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…