Проф. д-р Џидров: Наставата, испитите и колоквиумите на УГД се одвиваат непречено

Наставата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во време на коронавирус кризата се одвива преку интернет и до сега без особени пречки и проблеми.

Голем дел од студентите имаат настава, а се организира настава дури и на уметничките академии. Во интервју за Универзитетското радио, проректорот на УГД проф. д-р Мишко Џидров вели дека има предизвици, но тие се решаваат тековно и наставата нема застој.

- Ние многу бргу успеавме да дадеме одговор на оваа новонастаната ситуација. Од претходно имавме развиени алатки коишто ги користевме. УГД има алатка која претходно ја користевме малку, но сега се користи сѐ повеќе и таа алатка ни помогна да се организираат сите предавања. Станува збор за алатката Мајкрософт Тимс. Ние за некои три дена по прогласувањето на вонредната состојба започнавме со онлајн предавања -  истакна меѓу другото проректорот за настава проф. д-р Џидров.

Универзитетот 13 години развива електронски алатки, како што се алатките за е-учење, е-индекс, е-библиотека и многу други алатки преку кои студентите добиваат електронски учебници, електронско пријавување на испити и поставување на сите материјали за вежби и предавања. Овие алатки функционираа и претходно, сега само се користеа повеќе и максимално беа од корист во време на кризата.

Според зборовите на проректорот, Универзитетот веќе размислува и за развивање на програма на далечина и сѐ поголема употреба на овие алатки во редовната настава, иако и според него и според многумина, тешко е да се предвиди кога кризата ќе заврши и кога наставниот процес целосно ќе се нормализира.

Целосното интервју со проректорот за настава и за идните планови на Универзитетот проследете го во продолжение.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…