Како резултат на одговорот во време на корона кризата УГД ја зголемува соработката со Мајкрософт за употреба и на нови алатки

Состојбата која го затекна високото образование предизвика потреба од промена во начинот на образование. УГД се приспособи на новонастанатата ситуација и преку користење на своите електронски алатки успеа успешно да се справи и да го одржи наставниот процес.

Најголем дел од факултетите успешно ги одржуваат предавањата, испитите и колоквиумите преку сервисот на Мајкрософт Тимс.
Користењето на електронските алатки преку кои се поврзани сите студенти, наставниот и административниот кадар на УГД е започнато уште од формирањето на Универзитетот. Тие алатки се модернизираа и надградуваа со текот на времето.

- Ги имаме синхронизирано сите кориснички акаунти од локалниот AD (студентите и целиот административен и наставен кадар). Станува збор за повеќе од 38000 студентски акаунти од сите 3 циклуси на студии и околу 1300 акаунти за наставниот и административниот кадар. Од сите сервиси што се вклучени во Office 365 пакетот до пред појавата на корона вирусот најмногу се користеше Exchange (претежно за е-пошта). Во последните 30 дена бројот на корисници на сервисот Teams на дневно ниво го надмина Exchange - велат од ИТ службата на УГД.

УГД направи и статистика за употребата на алатките во време на Ковид-19, со цел да се види во колкава мерка се користи и дали се одржуваат сите потребни предавања.

- Неделно се одржуваат по повеќе од 1000 Teams meeting сесии. Најголем дел од овие сесии се онлајн предавања, но исто така преку Teams се одржуваат и состаноците на наставно-научните совети на факултетите. Овој број очекуваме да се зголеми, поради претстојната испитна сесија. Најголем дел од професорите ќе ги одржуваат испитите преку Teams. Некои професори, исто така, ги користат и Forms квизовите за спроведување на колоквиумите. Типот на предавањата варира многу и имаме предавања со по неколку студенти (во некои случаи и 1:1), но и предавања во кои дојдовме до лимитот од 250 учесници -  велат од УГД.

Мајкрософт ја препозна оваа подготвеност на Универзитетот да се справи со новонастаната состојба и токму поради тоа одржаа неколку состаноци со претставници на Универзитетот на кои беше најавена поинтензивна соработка со студентите и наставниот кадар за уште повеќе да се развиваат одредени алатки кои ќе му користат на високото образование и на студентите.
Мајкрософт преку 20 ваучери ќе им овозможи на студенти или на настаниот кадар на УГД да се стекнат со сертификати за Microsoft Azzure, софтвер за Cloud Computing. Стекнувањето на меѓународно признати сертификати за овој софтвер ќе претставува можност за вработените и студентите да имаат нови опции за развој на високото образование и полесна приспособливост на трендовите кои доаѓаат.

Ова значи продлабочување на соработката меѓу УГД и Мајкрософт, а во иднина се најавуваат и други заеднички проекти кои ќе одат во насока на подобрување на квалитетот на образование.

Последен пат изменето на Петок, 08 Мај 2020 17:38
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…