Онлајн предавање на тема „Влијанието на ковид 19 врз здравствените работници, полицијата и пожарникарите“

Проф. Џорџ Ричардс од Универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија во петок, 26 јуни, ќе одржи предавање за студентите на УГД преку интернет.

Предавањето ќе биде на тема „Влијанието на ковид 19 врз здравствените работници, полицијата и пожарникарите“.  Професорот Ричардс е предавач на студиите по антропологија и форензика на Одделот за политички науки и кривично право во Пенсилванија, САД.

Предавањето ќе се одржи преку платформата Microsoft Teams преку којашто во изминатиот период се држат и редовните предавања за студентите на УГД.

Предавањата првенствено се наменети за студентите од Факултетот за медицински науки и Правниот факултет, но и сите останати заинтересирани студенти можат да се пријават со испраќање мејл на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Среда, 24 Јуни 2020 10:05
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…