Продолжуваат уписите на УГД – запишување од 24 август до 1 септември

Од 24 август до 1 септември УГД отвора повеќе пунктови за прием на документи за упис на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Пунктовите ќе бидат организирани во согласност со препораките за заштита од ковид 19, ќе бидат на отворен простор и ќе биде овозможено почитување на сите мерки и препораки на Министерството за здравство. Сите кандидати кои во текот на летото аплицирале преку електронската платформа на УГД, а досега не ги донеле своите документи, ќе можат тоа да го сторат на овие пунктови, во терминот од 9 до 14 часот. Документи ќе се примаат и во наставните центри на УГД во Струмица, Гевгелија, Кавадарци и во Скопје.

Сите информации поврзани со уписите на УГД можете да ги најдете на следниов линк:

Електронска платформа: УПИСИ 2020

 

Последен пат изменето на Петок, 21 Август 2020 11:50
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…