(Видео) Задоволителен интерес во првиот уписен рок на УГД

Првичните резултати од првиот уписен рок на УГД говорат за задоволителен интерес за студирање на УГД. Според информациите од проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, бројката на студенти е приближно иста како и минатата година и таа се движи околу 1100 кандидати за сите 12 факултети и 3 академии во рамките на УГД.

- Како што веќе знаете од први јули е отворен системот за пријавување на кандидати.  Од 28 август до 1 септември беа уписите кога можеа да ги достават документите. Сите кои ги доставија документите ќе бидат рангирани и денес ќе излезе таа листа со примени кандидати. Веднаш по објавувањето на листите ќе продолжиме во вториот дел, а тоа е да се запишат тие кандидати. Ќе им бидат испратени информации како да го направат тоа, како да се запишат онлајн. Целосно е организирано и запишувањето да биде онлајн. Нема да има потреба да се плаќаат сите давачки во банка или пошта, туку сѐ ќе се одвива преку интернет - вели проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров.

Најголем интерес има на Факултетот за медицински науки каде што во државна квота е исполнета бројката, а останати се слободни места само во квотата за кофинансирање. Можат да се издвојат и техничките факултети кои имаат константен интерес на студенти, информатика, правните и економските науки. Остануваат слободни места за вториот уписен рок кој ќе се одвива во средината на септември, но кандидатите можат да се пријавуваат уште сега, затоа што електронскиот систем за пријава ќе биде отворен постојано.

Оваа година за странските студенти состојбата е малку покарактеристична, поради актуелната пандемија, но сепак има интерес од нивна страна.

- Одржуваме контакти со странските студенти. Голем дел од студентите кои учеа македонски јазик минатата година планираат годинава да се запишат на УГД. Во комуникација сме и кога ќе се овозможи полесно движење ќе можат да дојдат на Универзитетот, а секако постои интерес. Запишаните странски студенти следат настава онлајн и полагаат преку интернет - истакна проректорот Џидров.

Кандидатите со најдобар успех од средното образование ќе бидат ослободени од партиципација, тоа се околу 210 кандидати.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Септември 2020 10:07
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…