Универзитетот„ Гоце Делчев“ – Штип зa прв пат се јавува како единствен носител на Жан Моне Проект од Еразмус + Програмата

Универзитетот„ Гоце Делчев“ во периодот од 2020-2022 година ќе го спроведува проектот насловен како ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековнa практикa до имплементација.

Проектот има мултидисциплинарен пристап кој се однесува на промовирање академски дискусии, размена на знаење и соработка помеѓу наставно-научни соработници, експерти и практичари од областа на Европското електронско здравствено право, право на здравствени услуги, јавното здравје, здравствена технологија и биоетика во ЕУ, земјите членки на ЕУ и Р. Северна Македонија. Целта е да се види тенденцијата на нашето право и имплементацијата на ЕУ правната рамка во Е-здравството, статусот на здравствениот систем во имплементирање на е-здравствените услуги, кои се придобивките или негативните аспекти на дигитализацијата во здравството и кои се новите развојни компоненти релевантни за одржлив дигитален здравствен систем и потребата од истиот, при тоа почитувајќи ги основното човеково право: правото на здравствена заштита.  

Проектен координатор е Вон. проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет, а проектните активности ќе се реализираат заедно со членовите на мултидисциплинарниот проектниот тим: Вон. проф. д-р Марија Амповска од Правниот факултет, Вон. проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки, насловен доцент д-р Андреј Петров од Факултетот за медицински науки и м-р Ристе Тимовски -раководител на Одделот за електронски индекс . 

Проектот е ко-финансиран од Еразмус + програмата Жан Моне активности на Европската Комисија. За повеќе информации погледнете на https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/621268-EPP-1-2020-1-MK-EPPJMO-PROJECT.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…