(Видео) Професор д-р Трајче Стојанов од УГД добитник на признанието „8 Ноември“

Д-р Трајче Стојанов, професор на Факултетот за образовни науки при УГД, годинава е еден од добитниците на највисокото признание на Општина Штип – „8 Ноември“. Признанието следува по бројните успеси на проф. д-р Стојанов од областа на науката, во изминатиот период. 

Проф. д-р Стојанов неодамна беше избран и за почесен професор на еден од најдобрите универзитети во Русија. Годинава проф. д-р Стојанов ја имаше својата промоција на книгата „Руска религиска философија“ во Македонската академија на науките и уметностите. Тритомната книга беше посочена како едно од најзначајните дела во областа на философијата во Македонија, но и пошироко. Бројните академици во МАНУ оваа книга ја оценија како литература која ќе направи значајни поместувања во општествените науки и во приближувањето на народите на Русија и Македонија.

Проф. д-р Трајче Стојанов е и општествено ангажиран интелектуалец кој редовно јавно ги изнесува своите ставови во медиумите по различни општествено-политички теми. Тој е редовен колумнист во порталот „Фактор“, а пишува колумни и во руска „Газета“ и други локални, регионални и национални медиуми.

Покрај професорот Стојанов, највисокото признание на Општина Штип го добија и Инфективното одделение при Клиничката болница и Територијалната противпожарна единица во Штип. Вакво признание годинава доби и Елена Голомеова, оперска певица во оперите во Ница и во Париз.

Признанието традиционално се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот Штип – 8 ноември.

 

Последен пат изменето на Вторник, 10 Ноември 2020 14:39
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…