Глобалната младинска организација и интернационална невладина организација „International Youth Fellowship“ инфраструктурно и организационо помогната од Универзитет „Гоце Делчев“ организира Корејски камп во Штип на 28 и 29 септември.

Потребни се 30 волонтери кои ќе бидат дел од тимовите за организација на програмата, тим за настапи и презентација и тим за раководење и одржување.

Објавено во Образование

„Плати брзо“ ДООЕЛ има потреба од практикант/и во насока на професионално усовршување на студентите (апсолвенти или веќе дипломирани) на еден од техничките факултети на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Факултет за информатика, Машински факултет, Електротехнички факултет, Факултет за природни и технички науки, Технолошко-технички факултет).  

Центарот за интеркултурен дијалог во партнерство со European Projects Association и Македонски зелен центар распишуваат Отворен повик за организации од невладиниот сектор во Македонија да земат учество во лаборатории на идеи/работилници.

Остана уште само една недела за пријавување на студентите за конкурсот „Патуваме во Европа 2016“. Она што некогаш беше далечно и недостижно, ова лето повторно ќе им е на дофат на рака на дванаесет студенти од Македонија. Деветта година по ред преку проектот „Патуваме во Европа“ дванаесет студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Конкурсот е отворен за студенти кои се во завршна година на студирање и кои имаат желба за патување, нови авантури и нови познанства.

Глобалната иницијатива за биомедицина во партнерство со Медицинската школа при Универзитетот во Загреб ги покануваат професионалците од цел свет да присуствуваат на Летната школа за биоетика (ДИБСС) која ќе се одржи во Дубровник, Хрватска, во периодот од 5 до 14 август 2016 годинa.

Страница 5 од 10

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…