Петок, 10 Јуни 2016 11:17

Грантови за практикантство

Цивика мобилитас објавува Повик за доделување мали грантови за практикантство кои ќе понудат поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и од Македонија.

За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да има минимум 18 години и да биде државјанин на Швајцарија со потекло од Македонија и/или пак државјанин на Македонија кој постојано или привремено живее/престојува во Швајцарија.

Центарот за обука на пилоти и Министерството за одбрана даваат можност за практична настава за студентите на УГД и останатите студенти од трета и четврта година.

Во рамки на проектот „Градење на капацитетите за мрежата ИНФОРМ“, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), распишува оглас за тројца соработници на истражување за период од пет месеци. Соработниците ќе бидат вклучени во рамки на Центарот за истражување и Центарот за добро владеење.

Четврток, 02 Јуни 2016 12:40

Практикантска работа - УСАИД

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, објавува Јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници. Програмата има за цел континуирана и подобрена едукација на младите правници во областа на правната заштита на човековите права.

Млади инфо интернационал поттикната од интересот за Наградата за социјално претприемништво ја организира првата Летна програма  за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

Страница 6 од 10

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…