Преку емпириско истражување професорката д-р Татјана Бошков од Факултетот за туризам и бизнис логистика истражуваше дали Македонија може да очекува валутна криза по примерот на некои други земји. Трудот што го анализира овој економски феномен е насловен „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“, а неодамна беше презентиран на 25 сесија во Народна банка на Република Македонија, како дел од Клубот на истражувачи.

Објавено во Наука

Отворен е повик за објавување на научноистражувачки трудови во меѓународното списание на Земјоделски факултет - УГД Journal of Agriculture and Plant Sciences, JAPS, во системот на УГД-журнали.

Објавено во Наука

На 27.5.2017 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираше Научно-стручна конференција на тема „Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката“, која се одржа во просториите на Кампус 4. Овогодишната конференција, која е втора по ред, имаше меѓународен програмски одбор.

Објавено во Наука

Факултетот за туризам и бизнис логистика организира Меѓународна научна конференција насловена „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката – ИСЦТБЛ 2017“. Конференцијата ќе се одржи на 24 и 25 октомври, а како коорганизатори се јавуваат повеќе универзитети во Македонија, Бугарија, Косово, Србија и во Грција.

Објавено во Наука

Истражувачки тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ е дел од конзорциумот партнерски институции коишто ќе соработуваат во реализацијата на научноистражувачкиот проект со наслов “A Field Detector for Genotoxicity from CBRN and Explosive Devices” финансиран од НАТО.

Објавено во Наука
Страница 1 од 51

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…