Џорџ Патапатиу, претставник од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција, денеска одржа предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД. Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека хомеопатијата можеби е иднината на медицината.

Објавено во Наука

Со доделување на сертификати на учесниците од државите во Африка заврши Курсот за радиофармацијам, кој го организираа Меѓународната агенција за атомска енергија и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Повеќе од два месеца 22 фармацевти од африканските држави престојуваа на Универзитетот „Гоце Делчев“ и имаа предавања од професори на УГД. Дел од обуката се реализираше и во Универзитетскиот институт за позитронска емисиона томографија, каде што учесниците на курсот имаа можност да се запознаат и со ПЕТ центарот и да проследат предавања и од стручњаци од Италија, од универзитетите во Ферара и во Парма.

Објавено во Наука

Министерството за образование и наука во соработка со Европската комисија на 24 март 2017 година, со почеток во 9 часот, во просториите на МАНУ организираат Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет во рамки на Европската програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“.

Објавено во Наука

Професори од Луксембург и од Полска денеска имаа предавање и работилница со студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Објавено во Наука

Повеќе студенти од УГД и УКИМ денеска на Студентска научна конференција ги презентираа своите научни истражувања кои ги изработија во последните неколку месеци. Станува збор за истражувања поврзани со историја и археологија.

Објавено во Наука
Страница 5 од 52

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…