Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип подготвува Семинар од областа на невронауките, кој ќе се одржи на 1 ноември 2017 година. На семинарот ќе бидат презентирани интересни предавања, поврзани со теми кои се присутни во секојдневието.

Објавено во Наука

На Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип по четврти пат се одржува Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. Учество на конференцијата со свои трудови земаат околу 80 професори од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија и од Русија, а работата на конференцијата е поделена во четири секции.

Објавено во Наука

17. Меѓународен симпозиум и Летна школа по биоанализа се одржа од 2 до 8 јули 2017 година во Охрид. Овој настан е организиран во рамките на CEEPUS CIII-RO-0010-11-1617 мрежата TEACHING AND LEARNING BIOANALYSIS, којашто е активна 19 години и во неа се вклучени учесници од 20 универзитети од 10 држави од Централна и Источна Европа. Целта на Симпозиумот и Летната школа е да им овозможи на студентите и истражувачите проширување на знаeњето, информации и идеи за примена на биоаналитичките техники.

Објавено во Наука

Од новата студиска година (2017/2018) Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип започнува со нова студиска програма – Индустриско инженерство. При изготвувањето на студиската програма беа анализирани водечки универзитети според последното рангирање на универзитетите од страна на Институтот за високо образование при Универзитетот „Џио Тонг“ во Шангај.

Објавено во Наука

Научноистражувачката работа има свое значајно место на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за што постои Научноистражувачки центар со повеќе лаборатории во својот состав.

Објавено во Наука
Страница 6 од 57

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…