Меѓународната агенција за атомска енергија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ организираат двомесечен курс за радиофармација во Штип. Посетители на курсот се професионалци, радиофармацевти од Африка, а во Штип ќе се обучуваат од професорите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Координатор на овој проект е проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, која истакна дека овој проект е од големо меѓународно значење.

Објавено во Наука

Професори од УГД со своја презентација на научен собир во Дубаи освоија трета награда. Стaнува збор за Интернационален научно-стручен собир „Roots-Summit 2016“ во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој учествуваа повеќе од 100 земји од целиот свет.

Објавено во Наука

Речиси 20.000 луѓе го следат блогот на професорот Кирил Барбареев од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кој е посветен на педагогијата. 

На barbareev.wordpress.com ќе најдете многу убави совети за педагогијата, стручна литература и лични искуства од оваа област.

Објавено во Наука

Правниот факултет при УГД денес одржа трибина на која го одбележа 17 ноември, денот на донесувањето на првиот Устав на независна Република Македонија. Со промоција на книга и со трибина на истакнати професори по уставно право и креатори на Уставот на РМ, денес се одбележа овој ден. Предавачи на трибината беа проф. д-р Владо Поповски, учесник во создавањето на Уставот на Р. Македонија и проф. д-р Светомир Шкариќ, професор по Уставно право.

Објавено во Наука

Факултетот за медицински науки - студии по дентална  медицина  при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип и оваа година учествува во континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Р. Македонија.

Објавено во Наука
Страница 7 од 53

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…