Група научници од Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ работат на проект чиј предмет на истражување е улогата и влијанието на литературолошките и културолошките сознанија што ги стекнуваат студентите за време на студирањето и нивната практична примена во наставата по литература во средното образование.

Објавено во Наука

Проф. Марија Тодорова и проф. Весна Коцева од Филолошкиот факултет при УГД во научен труд ја анализираат појавата на анксиозност кај студентите при изучување на странски јазик, која предизвикува несигурност, расеаност, мала самодоверба, отсуство на желба да се посетуваат часовите и да се учи јазикот.

Објавено во Наука

Безбедноста е една од основните потреби на луѓето и основен дел на квалитетниот живот. Елиминирањето на предиспозициите за пораст на криминалот е исто толку важно како што е важна борбата против криминалните активности како илегалната миграција и трговијата со луѓе.

Објавено во Наука

Ензимите се природен и основен елемент во процесот на производство на вино. Овие ензими потекнуваат од грозје, квасец и други микроорганизми поврзани со лозови насади и винарските визби.

Објавено во Наука

Настаните и личностите низ историјата кои биле забележителни и важни за времето во коешто се случиле, односно живееле честопати се предмет или тема на литературно дело.

На тој начин историјата се претвора во уметност која од голема далечина ни ги приближува важните настани кои веќе одамна би биле заборавени. Во трудот со наслов „Книжевноста како сведок на историјата“, доц. д-р Верица Јосимовска од Факултетот за образовни науки при УГД обработува историски настани кои послужиле како инспирација за книжевно дело на тема болест.

Објавено во Наука
Страница 8 од 51

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…