Проф. д-р Бистра Ангеловска од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип во еден свој труд го обработува прашањето за злоупотреба на антибиотиците, нешто што според неа претставува глобален проблем во јавното здравство.

Објавено во Наука

Професорот Влатко Чингоски од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во свој труд дава ретроспектива на можностите и начините за ефикасно користење на сончевата енергија како одржлив енергетски извор. Имајќи предвид дека сончевата енергија претставува теоретски непресушен енергетски извор со голем енергетски капацитет, се наметнува прашањето зошто во моментов овој енергетски извор не се користи многу повеќе отколку што тоа се прави денес.

Објавено во Наука

Примената на медикаментозна терапија е честа појава кај жените за време на бременоста. Меѓународната студија за гравидни жени, спроведена од Светската здравствена организација, укажува дека 86% од жените за време на бременоста користеле барем еден препишан лек. Во просек, секоја гравидна жена за време на својата бременост користела три препишани лекови.

Објавено во Наука

Група научници од УГД во труд објавен во зборник на Универзитетот во Црна Гора даваат преглед на потенцијалните услови кои новите хотели мораат да ги задоволат за да го подобрат нивниот статус од хотел со „паметни” соби во потполно „паметен“ хотелски комплекс.

Објавено во Наука

Проф. д-р Бистра Ангеловска од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ го истражува земањето на витамини и минерали преку исхраната преку збогатената храна со витамини и минерали и, особено, преку разни препарати и додатоци на исхраната што предизвикува сѐ поголем интерес на корисниците и медицинските работници.  

Објавено во Наука
Страница 9 од 51

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…