Учителите го менуваат светот – инспиративни говори на студенти и средношколци
Инспиративните говори на студентите и средношколците за нивните учители му дадоа емотивен белег на второто издание на манифестацијата „Учителите го менуваат светот“, во организација на Факултетот за образовни науки на УГД.
Отворен ден на техничките факултети на УГД на 16 март
Машинскиот, Електротехничкиот и Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе им овозможат на средношколците и на сите заинтересирани граѓани на непосреден начин да се запознаат со студиските програми и можностите што им се нудат за студирање.
Шеста Меѓународна научна конференција „Современото воспитание и образование – состојби, предизвици и перспективи“
Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип го задржува континуитетот на организирање на Меѓународна научна конференција на тема „Современото воспитание и образованието – состојби, предизвици и перспективи“, која оваа година ќе се одржи по шести пат, на 11 и 12 мај 2018 година во Штип.
Доц. д-р Емилија Арсов одржа предавање на Биолошкиот факултет во Софија
Во рамките на Еразмус програмата за наставнички кадар, доц. д-р Емилија Арсов одржа предавања на Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет во Бугарија. Целта на посетата беше да се пренесат информации за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и да се запознаат студентите со Еразмус можностите на УГД.
Предавање за монетарната политика на д-р Анита Ангелоска-Бежоска
Во рамките на проектот што го реализира Катедрата за економија на Економскиот факултет при УГД во соработка со Министерството за економија и НБРМ, пред студентите на Економскиот факултет со предавање за монетарната политика гостуваше вицегувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангелоска-Бежоска.