Со доделување на сертификатите за учество, на 2 јули 2017 година, во Охрид заврши Летната школа за човекови права и казнено право. Летната школа беше во организација на правните факултети при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово, со финансиска и организациска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Објавено во Студенти

Студенти на Правeн факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ годинава за првпат  го претставија Универзитетот на натпревар за познавање на постапката пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човекови права.

Објавено во Студенти

Ирина Мазгански, студентка на Kатедрата за германски јазик и книжевност на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип е добитничка на германската стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена), која летово на студентката ќе ѝ овозможи едномесечен студиски престој во Германија, поточно на Универзитетот во Аахен.

Објавено во Студенти

Студенти на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ годинава за прв пат ќе го претставуваат Универзитетот на натпревар за познавање на постапката пред Европски суд за човекови права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човекови права, која ја има ратификувано и имплементирано и нашата држава.

Објавено во Студенти

Студентите на Технолошко-технички факултет при УГД во понеделник (12.6.2017) ќе имаат своја изложба на креации. Проектот, кој е насловен „Во светот на бајките“, е во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија.

Објавено во Студенти
Страница 3 од 52

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…