Четврток, 29 Март 2018 11:48

Недела на француски филм на УГД

Неделата на француски филм на УГД започнува утре (30 март 2018 година) во Мултимедијалниот центар. Фестивалот ќе го отворат проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и раководителот на Францускиот културен центар Бранко Чобанов во 19 часот.

Објавено во Уметност

Универзитетот „Гоце Делчев“, преку Ликовната академија, Музичката академија и Правниот факултет, го организира настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“. Станува збор за настан кој ќе опфаќа изложба на плакати, проекција на филмови, трибина, работилница, промоција на публикации и концерт, а ќе се одржува од 1 до 10 април во Музеј на Македонија во Скопје.

Објавено во Уметност

Филолошкиот факултет во Штип го објави четвртиот број од меѓународното научно списание „Палимпсест“ во печатена и во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL ) форма.

Објавено во Уметност

Ликовната академија и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ организираа изложба „Градот Баргала, преку четката и моливот на студентите од Ликовната академија“. Изложбата е поставена во холот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Објавено во Уметност

Фестивалот „Денови на македонска музика“ е најголемиот саем на македонското музичко творештво и вистински промотор на новата музика, а годинава се одржува по 41. пат, од 22 март до 5 април. Традиционално, програмата на Фестивалот покрива широк спектар на концерти, семинари, презентации, 11 концерти, бројни премиери, меѓу кои и праизведба на македонска опера, учество на врвни домашни и странски ансамбли и солисти, семинари и предавања од областа на современата музика.

Објавено во Уметност
Страница 3 од 26

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…