Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин ...
Едукативниот институт „Дореа“ нуди можности за платена пракса во
Факултетот за медицински науки е еден од оние чии студенти ...
Можностите што ги нуди програмата за размена на студенти Еразмус
Со цел да се поттикне и продлабочи соработката помеѓу Acceko CEE
Еразмус плус програмата во изминатите години се покажа како една

УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“  на средношколците од завршните години ќе им ги претстави можностите што ги нуди за студирање на Отворени денови кои ќе се одржат како во Штип, така и во наставните центри во Струмица, Кавадарци и во Прилеп. Отворените денови имаат за цел да го доближат УГД до потенцијалните студенти – средношколците, како и до сите заинтересирани.

Деканот на Филолошки факултет доц. д-р Драгана Кузмановска во работна посета на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш се сретна со голем број претставници од овој факултет и договори идна соработка во полето на наставата и науката. На средбите се разговараше за гостување и размена на професори, како и за заеднички проекти на двата факултета. Исто така, доц. д-р Драгана Кузмановска имаше средба и со директорката на Центарот за странски јазици со која беше договорена размена на професори на сите нивоа на катедрите на сите странски јазици во Ниш и во Штип.

Универзитетот „Гоце Делчев“ ја проширува и зацврстува соработката со образовните институции во државата, со цел да придонесе за подобрување на наставниот и образовниот процес. За таа цел,  УГД помогна во опремувањето на една современа училница во СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Факултетот за медицински науки при УГД преку насоката Дентална медицина е во подготовка на еден од најсовремените центри за дентална медицина во овој регион. Центарот е целосно опремен, а професорите се надеваат дека во најскора иднина тој ќе биде пуштен во употреба и ќе можат да го користат сите пациенти.  

Универзитетските професори од Факултетот за информатика и Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип денеска беа дел од европскиот твининг проект „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.

Проф. д-р Мичо Апостолов е поканет како визитинг професор (академска година 2016/2017) на Scuola di Management ed Economia при Università degli Studi di Torino. Овој универзитет е една од најпочитуваните високообразовни институции во Италија и во Европа (според U.S. News & World Report Best Global University Ranking за 2017 година, Универзитетот во Торино е рангиран на 97-то место во Европа).

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и годинава со свој штанд е присутен на Денови на обрaзование и кариера, кои се одржуваат од 6 до 8 април, на Скопски саем.

Страница 8 од 46

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…