Доц. м-р Наташа Трбојевиќ и проф. м-р Васо Ристов – со концерт во Њујорк, САД

Доц. м-р Наташа Трбојевиќ, на пијано, и проф. м-р Васо Ристов, на труба, неодамна одржаа концерт за труба и пијано во MC Gallery во Њујорк, САД.

На програмата беа изведени дела од различни стилски епохи на музичката литература за труба и пијано: Г. Ф. Хендл, А. Рубинштајн, А. Дворжак, Цезар Франк, А. Аратуњан,  К.В. Глук,  Џ. Пучини, Т. Албинони, Т. Хансен,  Б. Ангеловски и С. Стојков.

Концертот беше прифатен од многубројната публика со големо внимание и овации. На концертот публиката можеше да ја проследи и праизведбата на композицијата „Корал“ за труба и пијано од македонскиот композитор Стојан Стојков.
Доц. м-р Наташа Трбојевиќ е професор на Филмската академија при Универзитет „Гоце Делчев“, а проф. м-р Васо Ристов на Факултетот за музичка уметност при УКИМ - Скопје. Двајцата се реномиран музички уметници и педагози кои имаат богата концертна и педагошка дејност, со многубројни настапи во земјава и во странство. Имаат реализирано и аудио компакт диск.

Концертот е проект во рамките на Годишната програмата на Министерство за култура за 2016 година, финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија, а во соработка со Македонскиот културен центар во Њуjорк.

Информации за настапот можат да се најдат на следниов линк: http://www.gallerymc.org/h/vaso-ristov-on-trumpet-natasha-trbojevikj-on-piano/.

Последен пат изменето на Четврток, 06 Октомври 2016 08:47
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…