Успешен настап на професори од Музичка академија на Фестивалот „Есенски музички свечености“

Во рамките на Фестивалот „Есенски музички свечености“ во Музеј на Град Скопје  се одржа концерт по повод 135 години од раѓањето на унгарскиот композитор Бела Барток (1881 – 1945). На концертот настапија и професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“: Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано, кои се претставија со варијации на тема „Braul“ по Барток од американскиот композитор Sean Michael Solomon (1945).

На концертот во публиката беа присутни и претставници од дипломатскиот кор во Република Македонија, а во знак на благодарност од страна на амбасадорот на Унгарија во Република Македонија на учесниците им беа доделени признанија, како и нотен и аудио материјал од творечкиот опус на композиторот Бела Барток за Музичката академија во Штип.

 

Последен пат изменето на Среда, 16 Ноември 2016 13:37
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…