Концерт на Оперниот ансамбл од Осиек

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира концерт на Оперниот ансамбл на Уметничката академија во Осиек. Концертот ќе се одржи во понеделник (20.2.2017 година) во Мултимедијалниот центар на УГД, со почеток во 19 часот.

Оперниот ансамбл при Уметничката академија во Осиек е основан во 2010 година. Негови членови се еминентни уметници од градот Осиек, бивши и сегашни соработници и студенти од Уметничката академија во Осиек, како и професори од земјата и од странство. Покрај цели опери, ансамблот настапува и со концертни оперски и оперетни дела. Меѓу најзначајните опери се споменуваат оперите Дидиона и Енеј (Pur¬cell), Никола Шубич Зрињски (Zajc), Gianni Schicchi (Puccini), од оперетите се издвојуваат Cosi fan tutte (Mo¬zart), Љубовен напиток (Strauss ml.) и многу концертни изведби. Ансамблот УАОС соработува со домашни и со странски гости: Музичката академија во Нови Сад, Факултетот за музички и визуелни уметности во Печ, диригентите Симон Петер Дешпаљем, Баласц Косцар, како и со други оперски солисти. УАОС настапува на многу музички фестивали, како што се Хварско лето, Осиечко лето, Сараевска зима, Летен фестивал во Печ и др. Уметнички раководител на ансамблот е проф. Берислав Јерковиќ.

На концертот ќе бидат изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…