Елзенбах: Важни се стручноста и едуцираноста, а не евтината работна рака

Соработката на Електротехнички факултет при УГД и компанијата „Дрекслмаер“ продолжи со уште едно предавање кое го имаше проф. д-р Јерг Елзенбах пред студентите, од серијата предавања за методите за обезбедување на квалитет.

Ние се менуваме, исто како што се менуваат и технологиите, и едукацијата се менува. Отворени сме кон новите промени, ги менуваме нашите наставни програми, приодите кон работата и по инструкција на индустријата, од каде што доаѓа и нашиот ценет професор Елзенбах. Малку повеќе ќе обратиме внимание на квалитетот, така што следните наши новоакредитирани студиски програми ги инкорпорираат и најсовремените истражувања и практики од областа на контрола на квалитет. Ние сакаме нашите студенти да си ја најдат својата благосостојба во индустријата, да бидат компетитивни на пазарот на трудот, кој бара високотехнолошки едуцирани кадри изјави деканката на Електротехнички факултет, проф. д-р Татјана Пачемска.

Соработката на Електротехнички факултет и на УГД со компанијата „Дрекслмаер“, од која доаѓа професорот Јерг Елзенбах, е корисна за двете институции, а професорот Елзенбах истакнува дека е важно , пред сѐ,  да има квалитетен кадар и дека стручниот кадар кој излегува од УГД не е важен само за „Дрекслмаер“, туку и за многу други компании.

Студентот кој сега студира треба да учи различни нешта од оној студент што студирал пред две или пет години. Тоа е идејата која се изроди од професорката Пачемска и од мене. Таа ги објаснува теоретските основи, а јас од практичен аспект се обидувам да им ги доближам темите на студентите. Направивме одличен прогрес во соработката, фабриката во Кавадарци се зголеми, имаме над 5 500 вработени. Секогаш велам, не сум овде само да барам работници за „Дрекслмаер“, туку и да ѝ вратам нешто на земјата Македонија за тоа што го направи за „Дрекслмаер“. Инвеститорите моментално не прашуваат каде е најевтината работна сила – најевтино е во Мијанмар, Бурма, но ние бараме стручни луѓе, таму каде што има стручни луѓе, таму одиме и ние. Тоа е заедничка наша цел, моја и на професорката, да обезбедиме способни и едуцирани студенти. Се радуваме секогаш кога некои од вашите студенти доаѓаат кај нас, но се радуваме и кога ќе отидат во други фирми. Универзитетот работи една многу добра работа и некои студенти кои ги стипендираме ќе добијат работа по дипломирањето.

Професорот Јерг Елзенбах пред студентите на Електротехнички факултет имаше предавање за методите за обезбедување на квалитет.

Последен пат изменето на Петок, 12 Мај 2017 15:35
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…