Мултимедијална изложба „Роберт Музил и Првата светска војна“

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, во среда (20.9.2017 година), ќе биде отворена изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“.

Штипјани оваа изложба ќе можат да ја видат благодарение на соработката на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Амбасадата на Австрија во Р. Македонија. Австриецот Роберт Музил еднаш беше опишан како најзначаен, а воедно и најмалку познат писател од германското говорно подрачје на 20 век. Во август 1914 г. тој ја презеде својата воена обврска во Горна Австрија, каде што имаше поминато и дел од неговото детство. Горна Австрија за него беше како татковина така и порта за радикалните искуства во Првата светска војна.  Следејќи ја оваа трага, изложбата објаснува колку многу „пракастрофата на Европа“ го формираше делото на Музил.

Изложбата првобитно беше продуцирана од Литературната куќа Минхен (кустоси Рајнхард Витман (Reinhard Wittmann) и Каролина Кин (Karolina Kühn)), а адаптирана од Адалберт Штифтер Хаус (Adalbert Stifter-Haus) (кустос Александер Веран (Alexander Wöran)) и во оваа форма презентирана во Линц 2015/2016. Проектот беше финансиран од Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија. Изложбата беше преведена на македонски јазик и проширена со еден општ портрет на Роберт Музил, при што координацијата од македонска страна ја имаа почесниот конзул на Република Австрија д-р Валентина Илиева и амбасадорот на култура на Република Македонија во Австрија унив. доц. м-р Елена Мисиркова, додека партнерот од австриска страна беше кураторот и историчарот м-р Кристоф Х. Бенедиктер (Mag. Christoph H. Benedikter). Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија и директорот м-р Рајнхолд Кретер (Mag. Reinhold Kräter) значително го поддржаа проектот.

Изложбата прво беше прикажана на 14 јули 2017 г. во Завод и музеј на Битола, во организација на почесниот конзул на Република Австрија д-р Валентина Илиева, додека амбасадорот на култура на Република Македонија во Австрија, концертната пијанистка и доцент на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип м-р Елена Мисиркова овозможи како проект-координатор и организатор изложбата да се прикаже во рамки на интернационалниот Фестивал „Охридско лето“ на 18 август 2017 г. во Уметничката галерија при Центарот за култура на Охрид и на 20 септември годинава во историската Уметничка галерија „Безистен“, во соработка со Завод и музеј на Штип, со голема поддршка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со што би се продлабочиле културните врски меѓу институциите од високото образование и културата на двете земји Австрија и Македонија на билатерален план.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…