Награда „11 Октомври“ за Влатко Стефановски

Државната награда „11 Октомври“ за 2017 година ја добија музичкиот уметник Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амет Шериф.  Стефановски ја доби наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, а Шериф во областа на науката и образованието.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“.  Оваа награда е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Во име на добитниците на годинашната награда „11 Октомври“ се обрати Стефановски, кој рече дека неверојатно е каков пат поминал и како неговото хоби во неговите тинејџерски години, подоцна професија, цел живот опсесија, се претворило во нешто достојно за добивање на наградата.

Името на Влатко Стефановски денеска се поистоветува со гитарска виртуозност, со џез и етно рок, со „Леб и сол“, со најголемата музичка сензација во Македонија, со меѓународно етаблирање на македонската поп и рок музика, но и со исклучителен придонес за севкупната македонска културна матрица.

Стефановски од оваа година е вклучен во наставата на Одделот за џез студии. Неговата кандидатура за оваа престижна награда беше по иницијатива на Наставно-научниот уметнички ичкиот совет на Музичката академија, а потврдена од Универзитетскиот сенат на УГД.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…