Филмот „Исцелител“ на 25 декември во Мултимедијалниот центар на УГД

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе биде прикажан и во Штип. Универзитетот „Гоце Делчев“ организира проекција на ова најново македонско филмско остварување на 25 декември 2017 година, во Мултимедијалниот центар на УГД, со почеток во 18 часот.

Покрај проекцијата на филмот, предвидено е режисерот и дел од филмската екипа, која ќе присуства на штипската премиера на „Исцелител“, да одржат работилница со студентите.

Исцелител е црна комедија за двајца луѓе, татко и син. Веле го оставил факултетот и работи како механичар во железничко депо за да може да се грижи за својот татко Саздо, кој е болен од рак. Стариот човек ѝ се препушта на болеста. По смртта на неговата жена и на постариот син во сообраќајна несреќа, тој не наоѓа смисла во неговиот живот.  Веле работи во железничкото депо како механичар и платата му доцни со месеци. Немајќи пари да купи лекови за својот татко кој е болен од рак, тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.

Филмот „Исцелител“ е во продукција на „Фрагмент филм“ од Македонија, во копродукција со „Граал С.А.“ од Грција, а е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија, Грчкиот филмски центар и SEE Cinema Network.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…