Традиционалните македонски инструменти дел од Новогодишниот концерт на Музичката академија

Новогодишниот концерт на Музичката академија при УГД годинава ќе се одржи во понеделник, 25 декември, со почеток во 19.30 часот, во Концертната сала на Музичката академија, а во центарот на вниманието ќе бидат традиционалните македонски музички инструменти.

Музичката академија при УГД и годинава ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт, а годинава тоа ќе биде концерт на традиционална музика. Ги покануваме сите љубители на музиката да проследат еден убав настан, да ги слушнат гајдата, кавалот, тамбурата, традиционалното пеење, она обележје со кое ние како Македонци се идентификуваме секаде во светот. Ќе учествуваат студенти од Катедрата за етнокореологија и Катедрата за џез студии. Тие се нови студенти, а наше е да прикажеме колку сработивме во првиот семестар. Со тоа и ќе покажеме дека сѐ уште постои една љубов кон овие стари инструменти кои ќе исчезнуваат од нашето поднебје доколу не се негуваат – изјави м-р Горанчо Ангелов, професор на Музичката академија.

На репертоарот на концертот ќе бидат изведени инструментални и вокални  мелодии и напеви, кои припаѓаат на постарата музичка традиција и се создавани со векови наназад, но благодарение на ваквите оддели и правци во музичкото образование остануваат да се изведуваат.

Последен пат изменето на Петок, 22 Декември 2017 13:44
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…