Не е шега: дискриминација и цензура

Универзитетот „Гоце Делчев“, преку Ликовната академија, Музичката академија и Правниот факултет, го организира настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“. Станува збор за настан кој ќе опфаќа изложба на плакати, проекција на филмови, трибина, работилница, промоција на публикации и концерт, а ќе се одржува од 1 до 10 април во Музеј на Македонија во Скопје.

Настанот потекна од соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија при УГД - Штип, со студентски конференции и изложби на плакати на двете теми.

„Првично замислен како изложба на плакатите од двете конференции во Скопје, овој настан решивме да го збогатиме со други содржини кои се потесно или пошироко врзани со овие теми, а ќе се одвиваат во текот на десетте дена во кои ќе биде отворена изложбата. Случајно или не, серијата настани започнува на 1 април, денот на шегата, од каде што доаѓа и името на настанот“, велат од Ликовната академија при УГД.

Во текот на овие десет дена ќе се проговори за сите овие работи, а преку слики, зборови, филмови и музика ќе се зборува токму за работите кои се случувале, се случуваат и конечно треба да престанат да се случуваат. Единственото нешто што заслужува да биде дискриминирано е цензурата, а само дискриминацијата треба да биде цензурирана.

Последен пат изменето на Четврток, 29 Март 2018 11:48
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…