Никола Смилков се претстави во Прима центер во Берлин

Oд 14 април до 19 мај во просториите на галеријата Прима центер во Берлин, Германија, се одржа самостојна изложба „SMILKOV SKULPTUREN“ на скулптури и фотографии од Никола Смилков, професор на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев – Штип.

Изложбата опфати скулптури изработени во мермер и бронза, кои се дел од творештвото на Смилков во последните три години. Ликовна естетска критика за поставката даде еминентниот историчар и теоретичар на уметност и музејски советник во Музеј на современа уметност во Белград, Р. Србија, д-р Рајка Бошковиќ. Оваа изложба беше реализирана во рамки на проектот на УГД,  кој е прв проект од ваков вид на Универзитетот.

http://www.prima-center.net/Exhibitions2018/Nikola%20Smilkov.htm

https://weddingweiser.de/2018/04/29/rundgang-durch-die-kolonie-wedding/

Последен пат изменето на Вторник, 29 Мај 2018 11:59
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…