Професорки на УГД гo дизајнираа зеленото домување на зградата која годинава го доби златниот медал од Светската маркетинг организација

Две професорки од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ се дизајнерки на зеленото домување во станбено-деловниот комплекс „Diamond Garden – Адора инженеринг“, кој го доби златниот медал за квалитет за воведување на Boutique Real Estate концепт во Југоисточна Европа. Станува збор за исклучително високо признание кое го доделува Светската маркетинг организација.

Професорките д-р Васка Сандева и проф. д-р Катерина Деспот успеаја да воведат концепт на зелено домување кој дизајнерски е изведен за првпат на овие простори и значително ги подигна стандардите за домување.

За посебно одбележување е дека во овој проект за првпат во Македонија се употребени презервирани растенија, набавени од реномираниот бренд Verdissimo, лидер и најголем производител на презервирани цвеќиња и растенија во светот.

  • Само автентичноста нѐ одржуваше на нозе и ни ја подигаше главата. Не мечтаевме по туѓи признанија или совршенства. Одевме кон тоа да бидеме единствени, а кога се сомневавме во нешто ја слушавме внатрешната интуиција. Посебен предизвик ни беше идејата оваа Дијамантска градина да се претвори во вистинска зелена урбана оаза за релаксиран, хармоничен, интимен и хуман живот - изјави проф. д-р Васка Сандева.

Атриумите во внатрешноста на комплексот се збогатени со различни видови растенија и мов кои ги оплеменуваат сите хоризонтални нивоа и целата вертикална висина на комплексот, кои прават едно „мало зелено кралство“ што зрачи со спокој и релаксација за жителите и посетителите.

За посебно одбележување е дека овој метод на оплеменување на внатрешноста со зеленило се користи во најсериозните и најистакнатите проекти за хумано домување во светот.

  • Изборот на видовите и формите на растенијата е умесно направен и вклопен во целосната разработка на композицијата на објектот, каде што е запазен и законот на хармонијата. Крајниот резултат е плодот наречен дизајн, резултатот е неговата креативност, а креативноста не би постоела ако немавме претходен напор – истакна проф. д-р Катерина Деспот.
Последен пат изменето на Понеделник, 03 Септември 2018 08:14
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…