Целовечерен концерт на Златка Митева и Наташа Трбојевиќ во Њујорк

Во изминатиот период во Уметничката галерија „MC Gallery“ во Њујорк професорките проф. м-р Златка Митева и доц. м-р Наташа Трбојевиќ одржаа целовечерен концерт насловен  „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.

Програмата ги опфаќа делата „Соната“ од Стојан Стојков, „Токатина“ од Гоце Гавриловски, композицијата „Метеори“ на Валентина Велковска-Трајановска, „Охридска пастрмка“ од А. Мелоти, „Дијалог“ оп. 105 од Томислав Зографски, Варијации за флејта и пијано од композиторот Љубомир Бранѓолица и суитата „Дојранка“ од Трајко Прокопиев.

Концертите се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на националната програма за 2018 година.

http://www.gallerymc.org/h/7735-2/

Овој концерт е дел од концертната турнеја на дуото Трбојевиќ – Митева во Софија (Бугарија)  Касел (Германија) и во Кочани (отворање на манифестацијата „Петровденски конаци 2018“).

Последен пат изменето на Вторник, 16 Октомври 2018 14:51
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…