(Видео) Еминентни уметници од Германија поставија изложба во Штип и одржаа предавање на УГД

Јован Балов и Тим Даусен, двајцата уметници кои живеат и творат во Берлин (Германија), поставија своја изложба на фотографии и 3Д инсталации во Штип и одржаа предавање пред студентите на Универзитет „Гоце Делчев“.

- Денес зборувам за 3Д револуцијата. Ова е многу возбудливо за мене, со оглед на тоа што со години се обидуваме да цртаме во три димензии на дводимензионален простор. Во последно време уметноста се преместува во тридимензионалниот свет. Изложбата вчера беше нешто специјално за мене и тоа е уникатен момент за нас - изјави Тим Даусен.

Јован Балов е уметник од Македонија, кој веќе 30 години живее и твори во Берлин (Германија). Вели дека изложбата за него претставува особено емотивен момент, а исто така посочи дека со УГД се можни и други соработки во иднина.

- Ќе се обидам да ја презентирам берлинската сцена и она што јас го создавам како автор. Се надевам дека ќе имам нова соработка со овој Универзитет и очекувам директна и индиректна соработка со студенти и професори. Изложбата за мене беше многу емотивна и интимна - изјави Јован Балов.

Изложбата и предавањето на двајцата уметници се реализираа благодарение на заложбата на проф. д-р Никола Смилков од УГД, кој пред извесен период воспостави соработка со нив во Германија и како резултат на тоа денес студентите на УГД ја имаа можноста да присуствуваат на предавање и да проследат изложба од овие двајца еминентни уметници. Изложбата е поставена во Уметничката галерија  „Безистен“, а предавањето се одржа денес во свечената сала на Факултетот за образовни науки.



 

 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…