Самостојна изложба на професорот Милошески од Ликовната академија

Доц. д-р Слободан Милошески од Ликовната академија при УГД ќе одржи самостојна изложба со наслов „Констелации во уметничкиот универзум“. Изложбата ќе се одржи во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип, на 18 декември во 12 часот. На изложбата ќе бидат претставени апстрактни скулптури со различни димензии, кои се дел најновата уметничка продукција на авторот.

„Со оваа постановка, во која има дела и од голем и од мал формат, тој ги потврдува монументалните тенденции во неговиот израз, но не само во формата туку и во уметничкиот, естетскиот и идејниот израз. Неговите дела не се само монументални апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни вертикали. Евидентно под влијание на американскиот скулптор Александар Калдер (1898-1976) и неговите ’мобили’, сепак нашиот, ’македонскиот Калдер’ се јавува не како едноставен епигон, туку како самосвоен творечки феномен, кому ’ветрот’ од мобилите на Калдер му служи како инспирација во едрата за наведување на сопствениот уметнички брод“, се вели, меѓу другото, во ликовната критика за оваа изложба напишана од страна на естетичарот професор и философ проф. д-р Трајче Стојанов.

Последен пат изменето на Четврток, 13 Декември 2018 12:49
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…