ФТБЛ ја организира XI Туристичко-гастрономска изложба

Факултетот за туризам и бизнис логистика ја организира единаесеттата по ред Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот.

Главна цел на изложбата е да го презентира културно-историското наследство од југоисточниот дел на Македонија. Ова е сведоштво кое нѐ доближува и нѐ внесува во нашето минато. Историјата векови наназад ја одбележува културата на нашите предци, а ние како нивни наследници ја чуваме и ќе им ја пренесуваме на нашите поколенија.

Изложбата ќе се одржи во Наставниот центар во Гевгелија (Факултет за туризам и бизнис логистика). Отворањето на изложбата е на 9 април 2019 година во 11 часот.

Последен пат изменето на Среда, 03 Април 2019 14:50
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…