(Видео) Професор од Музичката академија организатор на фестивалот Џез-фактори

Од 18 до 20 април Битола ќе биде домаќин на второто издание на фестивалот Џез-фактори. Главната програма и работилницата ќе се одвиваат на сцената на  НУ Народен театар - Битола, а оф-програмата ќе се случува во кафе-бар „Камарите“ и кафе-бар „Порта џез“.

Организатор на манифестацијата е професорот Сашо Поповски, реномиран македонски џез-музичар и шеф на Катедрата за џез при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Центарот за културна деконтаминација во Битола.

Второто издание носи реномирани светски имиња од џез сцената. Првата вечер фестивалот го отвора специјалниот гостин Теодосиј Спасов и џез артистите и професори на УГД-Штип Тони Китановски и Виктор Филиповски.

Втората вечер е резервирана за настапот на „Џоле Грујовски квартет“ и „Кабадајас“.

Во програмата оваа година е и џез-работилница со наслов Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, која ќе се одржи на 20 април во Народниот театар, а ќе говорат: Винко Михајловиќ – Петровац џез фестивал – Р. Црна Гора, Драган Влајниќ – Кикинда џез фестивал – Р. Србија, Ирена Благојевиќ – џез музичар, Белград – Р. Србија, Сашо Поповски – Џез фабрика фестивал – Битола, Бојан Стефковски – Џез фортнајт фестивал – Џез издавач Скопје, Гордана Настевска-Манасијеска – Акаша букинг агенција – Скопје и Тодор Ивановски – Центар за културна деконтаминација.

Последен пат изменето на Среда, 17 Април 2019 07:49
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…