Дуото Mитева – Трбојевиќ со целовечерен концерт во Рим, Италија

Дуото Митева – Трбојевиќ, двете професорки на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, одржа целовечерен солистички концерт во рамките на Музичкиот фестивал Темпието „Concerti del Tempietto’’ во Театро Марчело во Рим, Италија, што се одржува традиционално секоја година.

На интернационалниот фестивал учествуваа повеќе од 150 музичари од Италија, Франција, Шпанија, Данска, Холандија, Естонија, Литванија, Латвија, Украина, Словачка, Македонија и Турција.

На програмата  беа застапени дела од македонски автори од помладата и постарата генерација композитори: С. Стојков, Г. Гавриловски, А. Џамбазов, В. Велковска-Трајановска, Т. Зографски, Љ. Бранџолица, Т. Прокопиев.

Последен пат изменето на Петок, 04 Октомври 2019 15:05
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…