Денови на модата 2019 на ТТФ

Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ и годинава ја одржува изложбата Денови на модата, овојпат насловена „Модата – виножитото на град Штип“.

Овие Денови на модата и моделите кои се изработени и изложени овде се само уште еден поттик за Штип како град на текстилот и модата. На овој начин им даваме поттик на нашите студенти, како и на сите креативци кои се занимаваат со мода и дизајн навистина боите на виножитото на градот Штип да ги комплетираме заедно. Ние како професори на ТТФ при УГД не само преку наставната програма, туку и преку организирање на летни школи, во кои младите талентирани деца добиваат база и поддршка, а со тоа во иднина, овие Денови на модата да прераснат во една поголема традиција на градот Штип, бидејќи ова на Штип му е темел кој некој само треба да го одржува – изјави проф. Ванѓа Димитриева-Кузмановска од Технолошко-техничкиот факултет.

Преку оваа изложба продолжува и соработката со Техничкиот универзитет во Софија и професори од овој универзитет учествуваат на оваа изложба. На крајот од октомври студенти од ТТФ ќе учествуваат со своја модна ревија и изложба на настан кој се организира на Универзитетот „Неофит Рилски“ во Софија. Изложбата се организира и со поддршка од Министерството за култура на РСМ.

Изложбата „Модата – виножитото на град Штип“ беше организирана и отворена заедно со изложбата на Биеналното студио на цртеж, кое по десетгодишна пауза е обновено од страна на Центарот за култура и Комисијата за култура на Општина Штип.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Октомври 2019 08:37
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…