Професор на УГД со изложба на скулптури во Њујорк

Во Галеријата MЦ во Њујорк, САД, беше отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Морфолошка дезагрегација“ од авторот Слободан Милошески.

Критичарите на уметноста го сметаат за еден од најдобрите македонски скулптори. Слободан Милошески-Цобе е во групата уметници кои работат во доменот на апстрактно-минималистичкиот концепт, поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различни размери. Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност, која се потпира на однапред подготвени постулати и идеи логично артикулирани.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Изложбата ќе биде отворена до 30.11.2019 година.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…