Со проекција на филмот „Лајла М“ се одбележа Денот на човековите права на УГД

Хелсиншкиот комитет за човекови права со низа настани го одбележуваат Денот на човековите права. Во рамките на низата активности пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип беше презентиран филмот „Лајла М“, по што следеше разговор со извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката  Јана Јакимовска.

Пировска истакна дека проекциите на три филма им се од 10 до 17 декември.

  • Филмови, коишто опфаќаат одредена област, односно човекови права. Тоа е дел од фестивалот и ние се одлучивме за три филма, за судењето на Ратко Младиќ, чија проекција ќе се одржи во понеделник во Скопје, „Лајла М“ која се случува денес и вчера исто така имавме и во Тетово - рече Пировска.

Забележавме дека не случајно избрале тоа да го направат во образовни институции, бидејќи денешниот филм кој се прикажа пред штипските студенти е особено важен за младите.

  • Младите луѓе покажуваат многу ниско ниво на свест кога зборуваме за човековите права. Тоа се должи пред сѐ на сиромашната содржина којашто ја имаат за секојдневното, односно за конвенционалното образование, па се трудиме со вакви филмови на некој начин да им го доловиме тоа што е да речам многу дискутабилна земја, во земјите со долга демократска традиција, за жал Македонија не може да се пофали со такво нешто - рече Пировска.

Универзитетската професорка Јакимовска рече дека денешниот филм е важно да го погледнат не само младите во земјава, туку и поширока, бидејќи исламофобијата, која е изговор за омраза е во голем подем.

  • Демаскирањето на тие фобии и на тоа што значи нивната реакција во вид на некаков екстремизам, исто така е многу важно да се види како се случува и зошто се случува - рече Јакимовска.

Смета дека земајќи го како поука може да се спречи и да не се кршат човековите права. Хелсиншкиот комитет за човекови права овие активности ги реализира со поддршка на Амбасадата на Холандија. Штип, 13 декември 2019 (МИА)

 

Последен пат изменето на Вторник, 17 Декември 2019 14:48
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…