Економскиот факултет има многу предности што треба да ги искористи, но и слабости што треба да се подобрат, ова беше еден од заклучоците на трибината што се одржа денес на факултетот во Штип. Ова е прва трибина од ваков вид на која учествуваа раководството на факултетот, професорите, асистентите и студентите, тие меѓусебно разменија мислења, но и анализи за тоа во која насока да се подобри Економскиот факултет.

- Ова е првата од низата трибини кои се планира да се одржат на Економскиот факултет, каде што би земале учество дел од професорскиот кадар, заедно со студентите, можеби и дел од бизнис заедницата која би се вклучила во некои теми кои неа ја интересираат. Наша идеја и желба е тоа да се организира еднаш месечно и да биде организирано од различни професори на теми од областа што ја има професорот на Економскиот факултет. Денеска имавме тема за развојот на Економскиот факултет и менаџирање на себеразвојот и сигурно дека тоа влијае да се изнесат некои мислења од професорите кои земаа учество на кој начин тоа би требало да се одвива и како стратешки во пет до десетгодишен период треба да се движиме и развиваме. Оваа трибина доаѓа пред финализирањето на изготвувањето на студиските програми за прв и втор циклус студии, што секако ќе даде добра основа за тоа каде треба да се движи Економскиот факултет и, секако, овде е фидбекот што треба да го добиеме од студентите за да знаеме каде и ние треба да се поправиме и на што да свртиме внимание во однос на нашето усовршување и специјализирање како професори, и во подобрување на целокупните услови на работа, однос и пристапност на професорите кон студентите истакна доц. д-р Љупчо Давчев.
 

Професорите за целите на оваа трибина направиле и СВОТ анализа, преку која ги анализираа слабите и силните точки на факултетот. Како и секоја институција и оваа има низа на силни, но и слаби страни кои треба да се подобруваат.

- Нашата младост, ентузијазмот, желбата за работа и истражување секако дека можеме да ги вброиме во наша предност која дефинитивно треба да ја искористиме. Од друга страна, големата оптовареност на наставниците со настава и неможност за научни истражувања, слабата меѓународна соработка можеме да ги сметаме за наши негативности кои треба да ги подобруваме истакна д-р Елена Веселинова.
 

Трибината придонесе да се слушнат различни мислења во една неформална атмосфера во која сите можеа да земат збор и да дадат придонес за подобра иднина на овој факултет. Ваквите трибини ќе станат пракса на овој факултет, а дел од нив ќе станат и јавни преку Универзитетската телевизија, па дебатата за унапредување на образованието и науката ќе може да се прошири и во јавноста. Трибината се одржа денес во просториите на Економски факултет во Штип.


 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…