Универзитетската телевизија и Универзитетското радио го започнуваат серијалот на гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД со цел да ги доближат сите овие единици до студентите и потенцијалните студенти.

Прв во тој серијал е еден од најстарите факултети во рамките на УГД  - Факултетот за природни и технички науки. Со деканот проф. д-р Зоран Десподов разговаравме за можностите што ги нуди овој факултет и за сѐ она што го опфаќа. Според зборовите на деканот кадрите кои излегуваат од овој факултет се многу барани на пазарот на труд, а овој пазар допрва ќе се зголемува. Според него стравувањето е дека факултетите ќе немаат толку многу инженери колку што ќе има барање пазарот. За ова и за многу други прашања поврзани со ФТБЛ слушнете во интервјуто со деканот на овој факултет, проф. д-р Зоран Десподов. 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…