Видео вести

Зошто има нешто наместо ништо? Зошто постојат толку интересни ствари во универзумот? Физичарот Хари Клиф ги проучува елементарните честички и работи на Големиот Хадронски Колајдер во ЦЕРН. Тој има лоши вести за луѓето кои бараат одговори на овие прашања. И покрај големите напори на научниците (и помошта од најголемата машина…
Кое е најголемото изненадување во врска со откритието на Хигсовиот бозон? Тоа дека нема изненадување. Џан Џудиче нè води низ еден проблем од теоретската физика: ако Хигсовото поле се наоѓа во ултрагуста состојба би можело да значи колапс на сета атомска материја? Со духовитост и шарм, Џудиче предвидува мрачна судбина…
Дејвид Ленг е креатор кој сам, без ничија помош, станал аматерски океанограф, односно попрецизно научил како да направи еден робот. Во овој шармантен говор Ленг покажува како тој се здружил со група љубители на океанот за да изградат слободно достапни и евтини подводни роботи-истражувачи.
Во изминативе дванаесет години, Картер Емарт ги координира трудовите на научниците, уметниците и програмерите за да изгради комплетна 3D визуализација на познатата вселена. Тој ни го демонстрира оваа прекрасно патување и објаснува како тоа го споделува со други организации низ светот.
Со истиот хумор и со хуманоста со која зрачеше во „Непријатна вистина“, Ал Гор детално опишува петнаесет начини на кои поединците можат веднаш да влијаат врз климатските промени - од купување хибридни возила до изумување на ново, модерно „бренд“ име за глобалното затоплување.
Рон Гутмен анализирал серија истражувања за смеењето и открил некои изненадувачки резултати. Дали знаевте дека смеењето може да биде показател за тоа колку долго ќе живете - и дека една едноставна насмевка има значителен ефект на вас како битие? Подгответе се да размрдате неколку мускули на лицето и да научите…
Дизајнерот Том Углов креира иднина во која љубовта на човекот кон природни решенија и едноставни алатки коегзистира со нашата потреба од информации и уредите кои ни овозможуваат пристап до тие информации. „Реалноста е побогата од екраните“, вели тој. „Можеме да имаме свое среќно место исполнето со сакани информации, место во…
Страница 6 од 9

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…