ЗА НАС


„UGD LIFE“ е проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ кој има за цел да ја доближи науката и образованието до младите луѓе и до општата популација. Преку оваа веб страница Универзитетот ќе ги претстави сите најнови достигнувања во областа на науката, уметноста, образованието и технологијата.

Заедно со ова „UGD LIFE“ ќе има за цел да биде прозорец на сите студенти до информации поврзани со нивото студирање и нивниот студентски живот. На овој веб портал ќе можат да се најдат информации поврзани со студентски научни конференции, конкурси, стипендии и други информации кои го опфаќаат студентскиот живот.

Покрај ова овој портал ќе им нуди простор на заинтересираните студенти да го изразат својот став преку студентски колумни, извештаи и свое мислење кое можат да го артикулираат јавно. УГД ЛАЈФ ќе биде дневен информатор и онлајн простор за сите студенти и млади луѓе во овој регион.

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…