Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Соработка со школата за јазици „Азурлингва“ во Франција
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев и директорот на училиштето „Азурлингва“ во Ница, Франција, Јан Либрати, потпишаа Договор за заемна соработка.
Се избираат нај-ООР наставник и професор во Македонија
Трета година по ред Фондацијата „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси организираат Избор на нај-ООР наставник и професор во Македонија. Процесот за номинирање наставници заврши на 20 јануари, а номинациите можат да се видат на веб-страницата http://oer.mk.
Сте размислувале ли да станете „онлајн“ предавач?
Доколку сметате дека имате солидно знаење од некоја област, регистрирајте се како предавач на следниов линк: https://www.xplorify.mk/account/register/teacher. Креирајте курс, понудете го вашето знаење на платформата и заработете од него. Xplorify е дизајниранa на начин којшто може да одговори на секој вид онлајн курс или обука во живо.
Пристигнати 223 апликации на првиот повик на Еразмус плус за 2017 година
На првиот повик за 2017 година во рамки на „Еразмус плус“ програмата на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, пристигнале 233 апликации, што е за 29,5 проценти повеќе во однос на првиот повик од минатата година кога пристигнаа 172 апликации.
(Видео) Како учениците да ја засакаат математиката?
Преку проект насловен „Математичка дебата“, Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со неколку партнерски институции од државата и од странство ќе ги дефинира потребите на учениците од 11 до 15 години за изучување на математиката и преку тоа ќе се обиде да ја направи математиката омилен предмет кај учениците.