Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Обука од областа на денталната медицина
Центарот за доживотно учење при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 27.12.2016 година организираше обука за Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво. Обуката се реализираше на Факултетот за медицински науки при УГД во Штип. Предавач и инструктор на обуката беше проф. д-р Цена Димова од Факултетот за медицински науки при УГД.
Студентите од Правниот факултет во посета на Македонската берза
И годинава студентите од трета година на Правниот факултет при УГД, во рамките на наставната програма по предметот Финансово право, реализираа посета на Македонската берза на хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Координаторот на Секторот за супервизија при КХВ, м-р Славица Илиевска, на идните правници им ги презентираше улогата, функциите и надлежностите на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, согласно со домашната регулативата.
(Видео) Професорка од Ниш одржа предавање на Економскиот факултет во Штип
Проф. д-р Сузана Стефановиќ во изминатиов период е визитинг професор на Економскиот факултет при УГД и предава на дел од студентите на УГД. Станува збор за експерт од областа на стратегискиот менаџмент.
(Видео) Британски експерти за туризам дел од Научната конференција на ФТБЛ
Професорот Џејмс Кенел и експертот за организирање на манифестации Роб Дејвидсон од Велика Британија викендов беа дел од Научната конференција и работилница организирана од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Двајцата врвни експерти од оваа проблематика имаа свои интересни предавања пред студентите и дел од бизнис секторот за тоа што треба да се направи во развојот на туризмот во градовите низ Македонија и во светот и за тоа како правилно да се организираат настани.
Деца од различни етнички заедници спортуваа заедно во Спортската сала „Јордан Мијалков“
„Меѓуетничка интеграција во образованието“ е името на проектот кој се реализира повеќе години во основните училишта низ Македонија. Денес во рамките на овој проект дечиња од повеќе училишта во Македонија се дружеа на спортски настан кој се одржа во Спортската сала „Јордан Мијалков“.