Приказ на предметите според таг: studenti
„Студентско ехо“ излезе од печат
Тринаесеттото издание на весникот „Студентско ехо“ излезе од печат и е достапно за сите читатели и студенти. Студентското списание го изготвуваат студентите на новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет и е поддржано од Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев“.
Ова се дел од студентските приказни на УГД
Четворица студенти од УГД се претставија на денешниот настан по повод Денот на македонските студенти. Студентите Емил Павлов, Страхил Тодоров, Андријана Мижорова и Илија Белистојановски пред присутните ги претставија своите студентски приказни.
Проекција на документарни филмови на студентите од Филмска академија
Во четврток (10 декември) со почеток во 19 часот ќе се одржи премиерна проекција на документарните филмови на студентите на Филмска режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески.
Студенти од пет универзитети ќе имаат симулирани судења на УГД
Манифестацијата „Денови на симулирано судење“ годинава ќе се одржи на Универзитетот „Гоце Делчев“, во судницата на Правниот факултет. Овој настан е продукт на пет универзитети, односно на пет правни факултети во Република Македонија.
Свечено доделување дипломи
Крајот на годината секогаш е значаен за студентите кои во изминатиот период дипломирале на своите факултети, бидејќи тогаш имаат чест свечено да бидат промовирани во дипломирани студенти на своите студиски програми, заедно со своите колеги.