Приказ на предметите според таг: studenti
Штипјанка преку образованието планира да го види целиот свет
Младата Екатерина Панева од Штип си поставила цел преку образовниот процес и со сопствено надградување да го види и искуси светот. Дека е тоа возможно доказ е што Екатерина моментално студира во Братислава, а нејзината нова дестинација е Индија. Уште од средното училишта имала желба да го истражува светот и да се надградува себеси.
Американските искуства за одредување на казните пренесени на студентите на Правен факултет
Студентите на Правен факултет имаа можност да слушнат искуства на американски правен експерт за темата одредување на казната. Предавач на предавањето на тема „US sentencing Guidelines“ беше Марк Ласер, кој е правен советник во Амбасадата на САД во Р. Македонија.
Стекнете ново интеркултурално искуство во Турција
Аплицирајте за проектот “EVS for Disability, Creativity and Culture” преку програмата на Европскиот волонтерски сервис.
За вас тоа значи: патување и ново интеркултурално искуство во Турција, со покриени трошоци за сместување, храна и дневни трошоци, патни трошоци (до 275 евра), здравствено осигурување, виза и часови по турски јазик.
Можност за практична настава за студентите по економија
Штедилница „ФУЛМ“ ДОО Скопје, член на World Counsil of Credit Union, Медисон, САД, и основач на European network of credit union, Брисел, Белгија, ви нуди можност да го запознаете банкарското работење преку остварување на практична настава во Централата, филијалите и шалтерите во Скопје и во филијалите низ земјава (Струмица, Тетово, Кавадарци и Битола).
Студентите препишуваат со опрема како од филмовите на Џејмс Бонд
Со опрема што наликува на онаа од модерните филмови со тајни агенти студентите се обидуваат да положат испит. Опремата се состои од микрозвучник кој се става во увото и треба да падне на ушното тапанче, антена која се става околу вратот и наликува на ѓердан заедно со микрофон кој се сместува под облеката и кабел кој се вклучува во телефонот. Поновите вакви уреди можат да се поврзат и безжично со телефонот.