Приказ на предметите според таг: studenti
Студентите на Правен факултет на регионален натпревар за симулирано судење
Студентите на Правен факултет викендов учествуваа на 7. Регионален „Moot Court Futura“ натпревар за познавање на постапката пред Европскиот суд за човекови права и Европската конвенција за човекови права. Во тимот на апликантите се натпреваруваа Ана Здравева, Аљоша Кацаров и Филип Кулаков, со Иван Ангеловиќ како резерва.
Студенти на ФТБЛ со освоени медали и пехар на Меѓународен гастрономски натпревар
Шест студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа и освоија медали, пехар и признанија на Третиот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2018“, што се одржа од 8 до 12 октомври во хотел „Вила парк“ во Струмица.
(Видео) УГД ќе ги промовира талентираните студенти за учество во ЕУ проекти
Претставници на Бизнис-иновацискиот центар - Струмица, Фондот на Европската академија за развој на регионите и FINNOVA EU (програма и фондација) и Стартап Европа акцелератор беа во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Адријана Трајанова од Филолошкиот факултет добитник на Награда за најдобар млад преведувач
Студентката од Одделот за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет, УГД-Штип, Адријана Трајанова е меѓу годинешните добитници на престижната Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон 2018“ за македонски превод на сегмент на германското дело „Да се имаме еден со друг” (“Dass wir uns haben”) од авторката Лујзе Мајер (Luise Maier).
Прв академски час за новите студенти на УГД
Универзитетот „Гоце Делчев“ традиционално го организира првиот академски час за новите студенти на Универзитетот. Како и секоја година, ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев ќе има свое обраќање во кое ќе ги поздрави студентите и ќе ги каже клучните насоки во кои ќе се движи Универзитетот во текот на тековната студиска година.