Повик за учество на Летна програма за социјално претприемништво

Млади инфо интернационал поттикната од интересот за Наградата за социјално претприемништво ја организира првата Летна програма  за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање, како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015 година.

Обуката е бесплатна, ќе започне на 14 јуни со времетраење од пет недели (една работилница неделно) и ќе се имплементира во просториите на ХАБ Скопје.  На крајот од програмата сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.

Сите заинтересирани треба да ја пополнат оваа апликација најдоцна до 5 јуни 2016 година.

Последен пат изменето на Петок, 27 Мај 2016 11:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…